Човечкиот
папиломен вирус (HPV — Human Papilloma virus) е вирус кој ја инфицира
кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени отколку за мажи.
Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат
појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои
немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени од HPV не знаат дека го
имаат вирусот.
Околу 30-40
типови на HPV вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот
дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални
брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV кои се
поинакви од оние што предизвикуваат брадавици можат да напредуваат до предканцерозни лезии и
инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак
на грлото на
матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови не предизвикуваат болест.
Типови HPV и поврзани болести
Идентификувани се повеќе од 100 типови HPV и
именувани се со броеви. Типовите 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59
и 68 се „високоризични“, сексуално преносливи типови HPV и можат да доведат до цервикална
интраепителна неоплазија (CIN), вулварна интраепителна
неоплазија (VIN), пенилна интраепителна неоплазија (PIN) и/или
анална интраепителна неоплазија (AIN).
Болест
|
ХПВ - тип
|
Обични
брадавици
|
2,
7
|
Плантарни
брадавици
|
1,
2, 4
|
Плоснати
|
3,
10
|
Аногенитални
|
6, 11, 42, 43, 44, 55 и други
|
Генитални
карциноми
|
Високоризични: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59
Најверојатно високоризични:26, 53, 66, 68, 73, 82 |
Верукозна
епидермална дисплазија
|
Повеќе
од 15 типа
|
Фокална
епителна хиперплазија (орална)
|
13,
32
|
Орални
папиломи
|
6, 7, 11, 16, 32
|
На кој начин
се пренесува гениталниот ХПВ?
Гениталниот
ХПВ најчесто се пренесува со сексуален контакт. Тој може да се пренесе од една
личност на друга и преку контакт на кожа со кожа, а не само преку сексуален
однос. ХПВ е многу распространет и најголем дел од возрасните лица го имале во
одреден период од животот.
Симптоми и
знаци кај ХПВ инфекција
Инфекцијата со ХПВ
вирусот може да биде асимптоматска, односно да лицата инфицирани со хуман
папиломавирус (ХПВ) немаат никакви симптоми и знаци на инфекцијата и да не се
свесни дека се заразени, бидејќи вирусот самиот од себе може да не предизвикува
никакви тегоби.
Сепак, кај одреден
број лица заразени со одредени типови на ХПВ се јавуваат генитални брадавици
(единечни или повеќе на број, кои растат во предел на гениталиите). Брадавиците
главно се појавуваат на влажниот дел на гениталиите или околу анусот. Овие
брадавици, обично се меки, влажни, со розевкаста боја или со боја на месо. Тие
може да бидат испакнати или во иста рамнина со останатиот дел на слузницата.
Овие брадавици не мора да се појават веднаш по инфицирањето со ХПВ вирусот.
Можат да се појават неколку недели па и месеци по сексуалниот контакт со
инфицираното лице.
Гениталните
брадавици можат да растат од внатрешната или надворешната површина на вагината,
на вагиналните усни, вулвата, грлото на матката и во или околу анусот.
И мажите можат да
бидат инфицирани со ХПВ вирусот. Обично кај нив инфекцијата предизвикува појава
на брадавици во пределот на пенисот, скротумот, на кожата на бедрата и во или
околу анусот. Поретко гениталните брадавици можат да се појават и во устата и
грлото, особено кај лица кои практикуваат орален секс со друго ХПВ инфицирано
лице. Гениталните брадавици обично не предизвикуваат симптоми, а ако истите се
јават најчесто се манифестираат во вид на чешање и печење. Брадавицате се нежни
и може и при помала механички дразба да се разрани и да крвари. Може да дојде и
до дополнителна бактериска инфекција, која ја влошува состојбата, па да се јави
болен оток, црвенило, печење, изразит јадеж во пределот на промените.
Лабораториска
дијагноза
- Патохистолошки
испитувања. ХПВ инфекцијата може да биде
отккриена со Папаниколау скрининг тест (PAP);
- Молекуларна
дијагностика – Polymerase chain reaction (PCR);
- Култивирање и серолошка
дијагностика. Папиломавирусите не растат во
клеточни култури.
- Тестови за ХПВ антитела
ретко се користат освен во истражувачки цели.
Како да се
заштитиме од ХПВ?
- Да се откажеме
од срамот и незнаењето како главни причинители на порастот на полово
преносливите болести.
- Не прифаќајте
полови односи без заштита-кондом.
- Задолжително
инсистирајте да партнерот користи кондом и при орални односи.
- Личната хигиена
на полните органи одржувајте ја максимално. Во никој случај немојте да
користите долна облека или пешкир од својата другарка пријателка и слично.
- Првиот преглед
кај гинеколог треба да следи во рок на 3 до 6 месеци рачунајќи од првиот
полов однос.
- Појавата на вагинален
исцедок со чешкање, мирис познат како бело прање е првиот сигнал за да се
јавите кај вашиот гинеколог.
Лекување
Не постои лек за инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ). Најголем број од
лицата заразени со ХПВ немаат потреба од посебно лекување, бидејќи самиот
организам кај нив се ослободува од вирусот.
Постојат неколку креми и гелови кои се достапни на рецепт препишан од
гинеколог. Тие се нанесуваат од страна на пациентот и се лесни и безбедни за
употреба.
Се делат на две групи лекови:
- Лекови
кои го кочат клеточниот раст со прекинување на клеточната делба. Тоа
се т.н. антимитотски лекови. Обично се во форма на гел или раствор кој се
нанесува на самата брадавица. Тие делуваат на тој начин што ја уништуваат
слузницата на местото на брадавицата.
- Лекови
- модификатори на биолошкиот одговор. Овие
креми се користат за лекување на надворешни генитални брадавици брадавици
во или околу анусот. Овие лекови делуваат на тој начин што го стимулираат
имунолошкиот систем на пациентот да се бори против ХПВ вирусот.
Брадавиците
може и спонтано да се повлечат. Се отстрануваат со хируршка интервенција,
криотерапија, електрокаутеризација или со хемиски средства ( трихлороцетна
киселина, бихлороцетна киселина, podophyllin
).
Инфицираните момчиња и мажи се тивки носители на ХПВ вирусот и
ја пренесуваат заразата преку телесните течности. Инфицираните девојки и
млади жени (најчесто подложни на вирусот поради тоа што грлото на матката
сеуште се развива) имаат абнормални
клетки кои го носат ПАП
вирусот. Девојките кои имаат сексуални односи треба да прават ПАП тест на годишно ниво. Инфекцијата
се задржува во организмот и почнува да се развива во рак на грлото на матката. Доколку се
открие пред да зафати дел од локалното ткиво може да се излечи т.е. отстрани со минимален хируршки зафат.
Ризиците кои можат да доведат до ХПВ инфекција се:
·
Повеќе сексуални партнери
·
Возраст до 26 години
·
Практикување на орален или генитален сексуален однос
без употреба на кондом
Превентивна имунизација е огромна
предност, но не заштитува целосно бидејќи таа вакцина е наменета за заштита од 4те најопасни видови на ХПВ вирус.
No comments:
Post a Comment